ТРАМП БИРА ВО ТЕСНО, ВЕЛИ ИРАН Рок, невозможна операција или лош договор?

Постои само еден начин ова да се протолкува: (американскиот претседател Доналд) Трамп мора да избере меѓу невозможна воена операција и лош договор со Исламската Република Иран, вели Техеран. Како што наведува разузнавачката единица на ИРГЦ, Техеран ѝ поставил краен рок за американската војска да ја прекине својата блокада на иранските пристаништа.

0

Разузнавачката единица на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека просторот за донесување одлука на САД е стеснет.

„Постои само еден начин ова да се протолкува: (американскиот претседател Доналд) Трамп мора да избере меѓу невозможна воена операција и лош договор со Исламската Република Иран. Просторот за донесување одлука на САД се стесни“, се наведува во соопштението објавено на Икс.

Како што наведува разузнавачката единица на ИРГЦ, Техеран ѝ поставил краен рок за американската војска да ја прекине својата блокада на иранските пристаништа.

Иранската страна не прецизира кој е точно тој рок, и истакнува дека Кина, Русија и Европа го промениле тонот против Вашингтон, пренесува Ал Џезира.

Поврзани содржини