ТРАМП ЈА НАПАДНА БИЈОНСЕ Незаконски добила 11 милиони евра од Камала Харис

Американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги напаѓа познатите личности кои ја поддржуваа Камала Харис.

156

Американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги напаѓа познатите личности кои ја поддржуваа Камала Харис. Седум месеци откако Бијонсе неочекувано се појави на митингот во Хјустон пред претседателските избори во САД во 2024 година, Трамп тврдеше дека пејачката, како и другите познати личности, била нелегално платена за тоа.

„Според медиумските извештаи, на Бијонсе ѝ биле платени 11 милиони долари за да се качи на сцената, брзо да ја ПОДДРЖИ КАМАЛА и да се симне со гласно негодување затоа што не испеала НИТУ ЕДНА ПЕСНА!“,  напишал Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, без да прецизира на кои извештаи мисли.

 






„Сетете се, демократите и Камала нелегално ѝ платија милиони долари за ништо друго освен за да ѝ даде целосна ПОДДРШКА на Камала“, продолжил тој. „ОВА Е НЕЗАКОНСКА ИЗБОРНА ИЗМАМА НА НАЈВИСОКО НИВО! ТОА Е НЕЗАКОНСКИ ПРИДОНЕС ВО КАМПАЊАТА!“

Заедно со Бијонсе, Трамп додал дека „БРУС СПРИНГСТИН, ОПРА, БОНО И, МОЖЕБИ, МНОГУ ДРУГИ, ИМААТ МНОГУ РАБОТИ ДА ОБЈАСНАТ!!!“

Само неколку часа претходно, тој најави дека ќе „покрене голема истрага“ за постапките на „тие непатриотски забавувачи“.

„На кандидатите не им е дозволено да плаќаат за ПОДДРШКА“, напишал 78-годишниот американски претседател во посебна објава. „И токму тоа го направи Камала, под маската дека плаќа за забавен настап.“

„Покрај тоа, тоа беше многу скап и очаен обид вештачки да се зголемат нејзините малкубројни собири“, продолжил тој. „НЕ Е ЗАКОНСКИ! Тоа беше ПОКВАРЕН И ПРОТИВЗАКОНСКИ начин на искористување на покварениот систем.“

Во ноември, мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, ги отфрли гласините дека нејзината ќерка била платена да зборува на митингот на Харис, споделувајќи клип од шоуто на Кандис Овенс кој беше означен како лажна вест на Инстаграм и отстранет.

Поврзани содржини