ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска во Ченто
Додека стоел покрај возилото, тракторот ненадејно тргнал и со задното тркало го прегазил.
67-годишен жител на скопски Сингелиќ почина откако тракторот што го паркирал на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов Ченто“ сам се придвижил и го прегазил.
Несреќата се случила вчера околу 12:30 часот, откако Р.К. наполнил гориво и го паркирал тракторот „ИМТ“, со прикачена работна машина и скопски регистарски ознаки. Додека стоел покрај возилото, тракторот ненадејно тргнал и со задното тркало го прегазил.
Мажот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје. И покрај укажаната медицинска помош, во 20:30 часот починал. Лекар ја констатирал смртта.