ТОПЛОТО УБИ НАД 9.000 ЛИЦА ВО ФРАНЦИЈА Загрижувачки бројки од пеколната недела

Прелиминарните податоци на INSEE покажуваат значителен пораст на смртноста за време на топлотниот бран, додека властите предупредуваат дека реалните бројки може да бидат и повисоки.

0

Франција за време на исклучително силниот топлотен бран на крајот од јуни регистрираше 2.025 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE), објавени од BFMTV.

Според податоците, во периодот од 22 до 28 јуни, во Франција биле евидентирани речиси 9.000 смртни случаи преку електронски смртни изводи. Зголемувањето се совпаѓа со пикот на топлотниот бран што зафати голем дел од земјата.






Француската министерка за здравство, Стефани Рист, изјави дека овие податоци се привремени, бидејќи електронските смртни изводи не ги опфаќаат сите смртни случаи регистрирани во државата.

Властите предупредуваат дека актуелните бројки треба да се толкуваат внимателно и дека реалното влијание на топлотниот бран може да биде поголемо од прикажаното.

Според официјалните податоци, електронските смртни изводи покриваат околу 60% од сите смртни случаи во Франција, при што покриеноста значително варира од регион до регион.

Во последните две недели, Франција се соочи со екстремно високи температури, а во повеќе региони живата во термометарот надмина 35 степени Целзиусови.

Топлотниот бран дополнително го оптовари здравствениот систем, а властите претходно предупредија дека најризични групи се постарите лица, хронично болните и лицата што живеат сами.

Поврзани содржини