📷 🎥 „ТАА Е ИЗМАМНИЧКА“ Интернет повторно ја фати во лага Меган Маркл, овој пат ги вклучила и своите деца
Војвотката од Сасекс се соочи со обвинувања дека лажирала подготвување појадок за своите деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на Свети Патрик.
Меган Маркл повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради – вафлите. Војвотката од Сасекс се соочи со обвинувања дека лажирала подготвување појадок за своите деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на Свети Патрик. Откако таа објави видеа на Инстаграм како подготвува тесто од зелена вафли, корисниците на социјалните мрежи забележаа недоследности во нејзината објава, што предизвика лавина од коментари и теории.
Многумина се убедени дека Меган Маркл го лажирала правењето на домашни вафли за своите деца за Денот на Свети Патрик. Откако на социјалните мрежи објави видеа на кои наводно прави појадок, многумина забележаа дека Меган не ги послужила истите вафли кои ги правела.
Имено, во понеделникот, војвотката од Сасекс објави видеа на нејзиниот профил на Инстаграм како меша зелена смеса во сад и потоа ја истура во машина за вафли.
Специјалниот уред за вафли што таа го користела, има калапи кои ја делат вафлата на четири дела.
Сепак, внимателните корисници на интернет забележале дека вафлите што Маркл наводно им ги послужила на принцот Арчи (5) и на принцезата Лилибет (3) се тркалезни, и не се истите што таа ги подготвувала.
„За децата …“, напишала таа во описот на фотографијата со зелена вафла, украсена со парче киви, боровинка и шлаг.
Meghan Markle’s relentless compulsion to lie about everything is baffling—even over something as trivial as a waffle. She posted a video of herself using a waffle maker with a divider, yet the so-called “homemade” waffle she presented looked exactly like a store-bought one,… pic.twitter.com/eJ21gy0bR4
— Comments Section (@CandidCoverage) March 18, 2025
Оваа објава предизвика шпекулации меѓу следбениците дали Маркл навистина сама ги правела вафлите за своите деца.
„Опсесивната потреба на Меган Маркл да лаже за сè е едноставно зачудувачка – дури и кога станува збор за нешто толку тривијално како вафлите. Таа објави видео на кое користи вафли со прегради, а „домашната“ вафла што ја покажа изгледа точно како онаа што се продава во продавница“, „Таа не ги направи свежи за децата. Користела замрзнати вафли“, „Зошто е тоа важно? Затоа што во нејзиниот пост пишува дека направила сè. Таа е тотален манипулатор и лажго. Во сè“, „Ја забележав разликата веднаш кога го гледав видеото. Не можев да разберам зошто некој би лажел за вафли. Каква личност би требало да бидеш“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.