СВЕТОТ ВОДИ ТРКА ЗА БАКАР Македонија располага со 410 илјади тони во „Иловица-Штука“

Според претходните физибилити анализи, рудникот „Иловица-Штука“ би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според актуелните пазарни цени, само годишното производство би можело да достигне 220 милиони долари годишно.

8

Глобалната побарувачка за бакар постојано расте, а Македонија располага со едно од позначајните наоѓалишта во регионот. Според досегашните анализи, „Иловица-Штука“ содржи околу 410 илјади тони бакар, но проектот и понатаму останува без конечна реализација.

Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според актуелните пазарни цени, само годишното производство би можело да достигне 220 милиони долари годишно.






За државата ова би значело само од концесиски надоместоци директен приход во државниот буџет од над 20 милиони евра годишно, додека општински каси на локалните заедници во чии рамки ќе функционира рудникот би имале приливи до 3 милиони евра годишно. Според ова, во текот на својот работен век рудникот кон државата би инкасирал повеќе од 500 милиони евра, а десетици милиони во општинските буџети.   Средства кои би можеле да се насочат во патишта, водоводи, училишта, здравство и локална инфраструктура.

Токму затоа, сè повеќе економисти и експерти предупредуваат дека Македонија не може бесконечно да се откажува од индустриски проекти додека светот агресивно инвестира во сопствени минерални ресурси. Рудниот потенцијал да се искористи препорачува и МАНУ во својата Стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини.

„Република Северна Македонија не само што има ресурси во форма на руда и минерали, туку има и рамка во форма на цврста и недвосмислена еколошка законска регулатива, силна клима за иновации, но таа треба и да има и отвореност во однос на нашите геолошки ресурси, истражувањата да бидат на високо ниво и да има добро образована работна сила. Проширувањето на рударската и минералната индустрија вклучува огромни инвестиции во делови од земјата каде што таквите инвестиции беа долго време видливо отсутни. Ова е добредојден развој, но исто така со себе носи суштински барања“, се наведува во Стратегијата подготвена од МАНУ.

Придобивките од евентуалното отворање на Иловица-Штука не се ограничуваат само на извозот и буџетските приходи. Ваквиот проект би значел 500 директни работни места и илјадници индиректни ангажмани за локални компании, транспорт, градежништво, електроиндустрија, ИТ услуги, машинство и други сектори.

Овој проект останува нереализиран во време кога источниот дел на државата се соочува со иселување и економска стагнација. Според експертите, проектите како рудникот „Иловица – Штука“ се едни од ретките механизми што можат да донесат долгорочен економски импулс со кој што би се задржале младите и работоспособното население.

Поврзани содржини