СУБВЕНЦИИ ЗА ПАРНО ДО КРАЈОТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Владата ќе ја плати разликата во цената

Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија, соопшти Владата.

102

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска поддршка со засметување на разликата на цената на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Оваа одлука за новата грејна сезона, како што велат од владината прес-служба, практично значи продолжување на субвенционирањето од Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија, како што беше случај и досега.






– Мерката за финансиска поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје. Мерката се однесува на временскиот период од денот на влегувањето во сила на оваа одлука до истекот на рокот на утврденото постоење кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија – соопшти Владата.

Во Скопје околу 60 000 домаќинства се приклучени на системот за централно греење со кој грејната сезона трае од 15 октомври до 30 април.

Поврзани содржини