Голем пожар се случил во дискотека во Кочани, на настап на популарна македонска група, дознава Плусинфо од полициски извори.
Неофицијално, има голем број жртви и изгорени тела.
Глетката на местото на несреќата била стравична.
До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.