БЕЗ ДОЗВОЛА, НО ЗАД ВОЛАН Четворица возачи веднаш приведени

Полицијата со засилени контроли низ државата, следуваат кривични пријави по документирање на случаите.

178

Четворица возачи во текот на изминатото деноноќие се лишени од слобода на различни локации низ државата, откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит.

Како што информираат од МВР, лишувањата од слобода се извршени во Скопје, Кочани, кичевско и тетовско, во рамки на редовните контроли на полициските службеници насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот.






По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, како и да не седнуваат зад волан доколку им е изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Поврзани содржини