ВОЗНЕМИРУВАЧКО 📽️ 14-ГОДИШНИК НАПАДНАТ ВО ЧЕНТО Му нанеле 7 убоди па избегале, го пронашол случаен минувач
Малолетник со тешки повреди завршил на операција по напад што се случил во скопската населба Ченто. Семејството тврди дека бил избоден 7 пати и оставен без свест на улица, додека полицијата потврдува дека истрагата е во тек.
Крвава вечер во Ченто завршила со малолетник на операциона маса и потрага по напаѓачите. Порталот 24инфо сподели снимка за која се тврди дека покажува како момчето било избодено 7 пати и оставено без свест. Четиринаесетгодишинкот се здобил со тешки повреди откако било нападнато од 3 лица во скопската населба, тврди неговото семејство.
Случајот е потврден и од Министерството за внатрешни работи. Во полицискиот билтен е наведено дека на 22 јуни околу 23:05 часот било пријавено дека на подрачјето на Општина Гази Баба малолетник бил физички нападнат од 3 лица.
Според родителите, нападот се случил дента околу 21:30 часот. Момчето излегло од дома за да се сретне со братучедите и се движело кон улицата Финска, а било пресретнато пред да стигне на договореното место.
Тројцата напаѓачи без повод започнале физички да го удираат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож.
Според нивните наводи, насилството продолжило и откако момчето било повредено сè додека не ја изгубило свеста, а потоа лицата го оставиле беспомошно на местото на нападот.
Повредениот малолетник го пронашол случаен минувач. Тој повикал Итна медицинска помош и полиција.
Момчето било пренесено во Ургентниот центар каде што му била извршена итна хируршка интервенција.
Полицијата го расчистува случајот.
View this post on Instagram