СОРТИТЕ ОТЕЛО, НОА, ИЗАБЕЛА, ЖАКЕС, КЛИНТОН И ХЕРБИОН СЕ ВРАЌААТ ВО ЕВРОПСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ ЛОЗЈА? Климатските промени ги премислија француските политичари да предложат да се симне забраната за нив

Овие сорти на грозје во Европа пристигнале од Северна Америка во текот на 19 век. Франција го забрани нивното производство во 1930-тите, а други европски земји го следеа примерот во текот на 1970-тите.

3

Француски член на Европскиот парламент Ерик Сарѓакомо покрена иницијатива за укинување на децениската забрана на американските сорти на грозје ноа, отело, изабела, жакез, клинтон и хербемон за комерцијално производство, објавува бриселскиот портал „Рапортер“.

Овие сорти на грозје во Европа пристигнале од Северна Америка во текот на 19 век. Франција го забрани нивното производство во 1930-тите, а други европски земји го следеа примерот во текот на 1970-тите.






Сарџакомо, кој ги води преговорите за измена на правилата на ЕУ за земјоделските пазари, оцени дека станува збор за застарена забрана, истакнувајќи дека вината произведени од овие сорти веќе можат слободно да се увезуваат и консумираат во Европа.

Застапниците на укинување на забраната веруваат дека современите лозари имаат знаење и технологија што овозможуваат квалитетно производство и дека пазарот треба да одлучи за успехот на тие вина.

Жером Виларе, експерт за лозарско наследство, истакна дека проблемот не е нужно во квалитетот на грозјето, туку во поранешните начини на производство на вино, додавајќи дека производителите треба да имаат слобода да ги изберат сортите што ќе ги одгледуваат.

Противниците на оваа иницијатива, сепак, предупредуваат дека американските сорти генерално даваат високи приноси, што би можело да го наруши производствениот капацитет на европскиот вински сектор.

Претставниците на винската индустрија посочуваат на специфичниот, мушусен вкус на виното од овие сорти, кој често се смета за непожелен во винскиот свет. Вкусот асоцира на пуканки, басмати ориз, тортилји, пченка или, во најлош случај, на кафез со глувци.

Франција, Италија и Шпанија претходно се спротивставија на сличен предлог од Европската комисија во 2019 година, велејќи дека укинувањето на забраната може да му наштети на угледот на европските вина.

Меѓу аргументите на противниците се прашањата за квалитетот, отпорноста на сортите на болести, како и односот на понудата и побарувачката во услови на намалена потрошувачка на алкохол во Европа.

Иако Европскиот парламент претходно оваа година ги поддржа промените што би овозможиле легализација на овие сорти, амандманите беа отфрлени за време на преговорите со Советот на ЕУ, поради противењето на земјите производители на вино.

Сарѓакомо сега се обидува да ги вклучи контроверзните промени во новата регулатива за заедничко организирање на пазарот на земјоделски производи, која треба да се примени по 2027 година.

Забраната за американските сорти беше воведена во Франција во 1930-тите, во време на голема криза поради прекумерното производство на вино и падот на цените. Властите во тоа време, покрај економските причини, тврдеа дека тие сорти го загрозуваат квалитетот и меѓународниот углед на француското вино.

Во 19 век, овие сорти биле донесени од Америка во Европа и заедно со нив стигнале и разни штетници и болести, вклучувајќи ја разорната филоксера (phylloxera) што ги уништила европските лозја. Иако самите овие американски сорти биле отпорни на филоксера, тие биле означени како „вина кои го загрозуваат традиционалниот вински пазар“.

Постоеле тврдења дека одредени директни хибриди при ферментација можат да создадат повисоки нивоа на метанол во споредба со традиционалните европски грозја (иако научниците подоцна докажаа дека тоа во голема мера е преувеличано).

Грозјето од сортата  овие шест американски сорти не се произведува за комерцијални цели во Македонија и неговото одгледување во официјалните лозови насади е забрането. Сепак, оваа хибридна американска сорта сè уште може да се најде во многу мали количини, исклучиво во приватните дворови и семејните бавчи низ руралните средини во земјата, каде што луѓето ја одгледуваат за сопствени потреби.

Според Законот за виното во Македонија, како и регулативите во Европската Унија, строго е забрането комерцијално производство и продажба на вино од овие сорти.

Овој вид лози може да успее сама по себе без потреба од прскање и пестициди. Поради тоа, многумина во Македонија го користат во своите дворови за правење домашни сокови, компоти, гроздов слад (маџун) или за печење домашна ракија во мали количини.

Во официјалното македонско лозарство доминираат сортите вранец, смедеревка и станушина, како и познатите интернационални сорти.

Поврзани содржини