📽️ 📷 СОЧУВСТВО ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДОЈДЕ И ОД АВСТРАЛИЈА Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме

Ова е знак на сочувство и поддршка за настраданите, нивните семејства и целиот народ на Македонија, кој тагува во овие моменти, велат припадниците на македонската заедница.

323

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во трагедијата во Кочани, Македонија.

Ова е знак на сочувство и поддршка за настраданите, нивните семејства и целиот народ на Македонија, кој тагува во овие моменти, велат припадниците на македонската заедница кои беа присутни пред зградата и оддадоа почит на жртвите во Кочани.






Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 претежно млади лица, а 178 се повредени.

Поврзани содржини