СКОКНАЛА ОД КРУЗЕР КАЈ ЗАКИНТОС, ПРЕЖИВЕАЛА 20 ЧАСА На спасувачите им открила зошто го напуштила бродот
Четириесет и четиригодишната државјанка на Ел Салвадор исчезнала од бродот „Одисеја на морињата“ во близина на Закинтос. Во потрагата прво бил забележан превртен појас за спасување, а жената ја пронашол екипаж на товарен брод.
Жена на 44 години од Ел Салвадор поминаа 20 часа во Јонското Мор откако скокнала од крузер во близина на грчкиот остров Закинтос. Кога била спасена, на прашањето зошто го напуштила бродот, наводно одговорила дека едноставно „сакала да се симне“, пишува Еуроњуз.
Необичниот инцидент се случил додека бродот за крстарење „Odyssey of the Seas“, на компанијата „Royal Caribbean“, пловел југозападно од Закинтос, соопшти грчката крајбрежна стража.
По исчезнувањето на патничката била организирана спасувачка операција во која учествувале повеќе пловни објекти.
Спасувачките екипи најпрво забележале превртен појас за спасување, што дополнително ја отежнало потрагата по жената.
По околу 20 часа поминати во морето, патничката конечно била пронајдена од екипажот на товарниот брод „MSC Rossella III“, кој пловел под знамето на Мадеира.
Жената била во свесна состојба и се наоѓала во појас за спасување кога ја забележале морнарите.
Набргу пристигнал спасувачки чамец, чиј екипаж ја презел жената, ѝ укажал прва помош и ја пренел во болница.
Според грчката крајбрежна стража, жената како причина за скокот навела дека сакала да се симне од бродот. Засега не се познати дополнителни околности што би објасниле зошто решила да скокне во морето.