СИНОТ НА НЕТАНЈАХУ ИТНО ЕВАКУИРАН ОД САД ВО ИЗРАЕЛ Откриен план на Иран да го ликвидира
Израелските власти започнаа итна операција која беше толку брза што тој бил принуден веднаш да замине, во придружба на обезбедување, без дури ни да стигне да ги спакува личните работи, велат израелски извори.
Синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, беше итно вратен во Израел откако беше откриена иранска закана по неговиот живот на американска почва.
Според израелската безбедносна служба Шин Бет и американски извори, 35-годишниот Јаир бил под директен надзор од ирански агенти во областа Халандејл Бич, Флорида.
По проценката на ризикот, израелските власти започнаа итна операција која беше толку брза што тој бил принуден веднаш да замине, во придружба на обезбедување, без дури ни да стигне да ги спакува личните работи.
Информацијата за заканите беше официјално потврдена откако и самиот премиер Нетанјаху изјави за медиумите дека Техеран директно го нападна неговото семејство.
Откритието дојде во услови на ескалација на тензиите и внатрешната дебата во Израел околу буџетските трошоци за долгорочна државна безбедност за роднините на премиерот. Критичарите истакнаа дека синот на премиерот живее удобно во странство, додека стотици илјади Израелци се мобилизирани на фронтот, а израелските даночни обврзници го финансираат неговото државно обезбедување 24/7 од Шин Бет.
Јаир Нетанјаху живеел во луксузен стан на плажата Халандејл (во близина на Мајами). Неговиот престој започнал кратко по внатрешната политичка криза во Израел во 2023 година. Бидејќи немал работна виза за Соединетите Американски Држави, Јаир официјално не работел за американска компанија. Јаир Нетанјаху моментно е во Израел под максимални безбедносни мерки.