ДВОКАТЕН АВТОБУС НА ЈСП СЕ ЗАПАЛИ НА ВОДНО Пожарникари го гаснат
Очекувам набргу да биде изгаснат. Засега, не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, информира Стојанче Ангелов.
Двокатен автобус на ЈСП се запалил на видиковецот на Водно, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
– Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација – објави Ангелов.