ШТО ЗНАЧИ ДОБАР ТАТКО СПОРЕД РАЗЛИЧНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ? Oд строг заштитник и хранител до татко кој отворено зборува за емоциите
Од генерацијата Z до бејби-бумерите, претставата за тоа што значи да се биде добар татко значително се разликува, а секоја генерација е под влијание на претходната, пишува „Your Tango“.
Родителските стилови драстично се менуваат со секоја нова генерација, но и покрај разликите, тие се длабоко поврзани. Начинот на кој нè воспитувале нашите родители влијае врз односите што подоцна ги градиме во животот, вклучително и односот со сопствените деца. Од генерацијата Z до бејби-бумерите, претставата за тоа што значи да се биде добар татко значително се разликува, а секоја генерација е под влијание на претходната, пишува „Your Tango“.
Бејби-бумери: Таткото како заштитник и хранител
За бејби-бумерите, чии ставови сè уште се обликувани од традиционалните сфаќања за родовите улоги, добар татко е оној што може да го издржува и заштитува своето семејство. Нивната претстава за татковството произлегува од силните семејни вредности и улогата на мажот како глава на домот, подготвен да ги брани децата и партнерката.
Иако на овој пристап често му недостига емоционалната отвореност што се очекува денес, овие мажи биле потпора на семејството. Емоциите не се покажувале, а храната, без оглед на околностите, морала да биде на масата. Традиционалните улоги во домаќинството речиси и не се доведувале во прашање.