ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ПРЕСЕКА Странци и деца меѓу повредените, возилата целосно уништени
До несреќата дошло при директен судир меѓу патничко возило „Киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од 53-годишниот К.Ф.К.Л. од Франција, и „Шкода“ со кумановски ознаки, управувана од 42-годишниот А.К. од Куманово.
Шест лица, меѓу кои и две деца и двајца државјани на Франција, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на планинскиот премин Пресека.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 21 април 2025 година, околу 15:30 часот, кога дошло до директен судир меѓу патничко возило „Киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од 53-годишниот К.Ф.К.Л. од Франција, и „Шкода“ со кумановски ознаки, управувана од 42-годишниот А.К. од Куманово.
Во несреќата, тешко биле повредени возачот на „Киа“ и неговата сопатничка, 19-годишната К.К.А.Е., исто така од Франција. Возачот на „Шкода“ и тројцата сопатници – 36-годишната С.К. и две малолетни лица од Куманово – се здобиле со телесни повреди. Повредените биле пренесени и хоспитализирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, а се работи на утврдување на причините за судирот.