СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО „ПЕТАР МУСЕВ“ ВО БОГДАНЦИ Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

Друштво од Скопје е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“ поради наводно несоодветно постапување при реконструкцијата на покривот на училиштето „Петар Мусев“. Овластените ревизенти Љ.Т. и Л.Г. од Скопје, како одговорни за ревизија на основниот проект, не ги забележале сериозните пропусти во проектот и во ревизорскиот извештај погрешно потврдиле дека проектот е соодветно изработен, што е во спротивност со Законот за градење. Со ова овозможиле пријавеното правно лице да оствари имотна корист од приближно 129.800 денари, додека, пак, државниот буџет бил оштетен за 12.678.049 денари.

7,626

СВР Струмица, преку ОВР Гевгелија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против 5 лица и против едно друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, поради сомнежи за сериозни кривични дела поврзани со реконструкцијата на кровот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, соопшти МВР.

Првопријавениот Г.Г. (39) од Скопје, сопственик и одговорно лице во пријавеното правно лице, како и второпријавениот И.Т. (45) од Скопје, се сомничат за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „предизвикување опасност при градежни работи“. Според пријавата, тие постапиле спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, не обезбедувајќи соодветно мислење за проектираниот степен на заштита на градбата. Овие пропусти создале опасност за животот и здравјето на учениците и на вработените во училиштето.






Пријавеното друштво од Скопје, исто така, е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“, во врска со наводите за несоодветно постапување при реконструкцијата на покривот.

Дополнително, против овластените ревизенти Љ.Т. (62) и Л.Г. (69) од Скопје, е поднесена пријава за „несовесно работење во службата“. Тие во својство на одговорни лица за ревизија на основниот проект пропуштиле да констатираат сериозни пропусти во проектот, при што во ревизорскиот извештај навеле дека проектот е соодветно изработен, што е спротивно на Законот за градење. Со тоа овозможиле пријавеното правно лице да оствари имотна корист од околу 129.800 денари, а притоа е предизвикана штета на државниот буџет во висина од 12.678.049 денари.

СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување евентуална инволвираност на други лица.

Поврзани содржини