СЕДУМ ЛЕКОВИ ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПИЕТЕ СО ЧАЈ Бидете внимателни кога пиете аспирин, препарати со железо, фолна киселина и лекови против алергија
Фармацевтка предупредува дека некои билни чаеви можат да го променат дејството на лековите или да го зголемат ризикот од несакани реакции. Меѓу нив се аспиринот, препаратите со железо, фолната киселина и лековите против алергија. Особено внимание се препорачува при редовно пиење зелен чај, кантарион, ѓумбир и други билни напивки.
Чајот за многумина е секојдневен ритуал, особено во постудените денови, но комбинацијата на одредени билни напивки со лекови може да биде проблематична. Фармацевтката Емануела Огбона за американскиот здравствен портал „Health“ издвојува седум групи лекови кај кои треба да се внимава на видот на чајот што се пие.
Не станува збор за тоа дека секој чај е опасен со секој лек, туку дека одредени растителни состојки можат да влијаат врз апсорпцијата, дејството или несаканите реакции на терапијата.
1. Аспирин
2. Препарати со железо
Црниот и зелениот чај содржат танини, растителни соединенија што можат да ја намалат апсорпцијата на железото. Ова е особено важно за луѓето кои земаат суплементи поради недостиг на железо. Едно истражување покажало дека оставањето временски размак од најмалку еден час меѓу чајот и внесувањето железо може да го намали овој ефект.