СЕ РАСИПА КАЛИМЕРАТА МЕЃУ ТРАМП И МЕЛОНИ Шефот на САД разочаран што колешката не му помага околу Иран
Американскиот претседател вели дека односите со Италија се промениле поради ставот на Рим кон ситуацијата со Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони, велејќи дека повеќе не може да има ист однос со неа откако таа одбила да помогне во конфликтот со Иран.
– Таа беше негативна. Кој и да одби да ни помогне во управувањето со ситуацијата со Иран, ние повеќе немаме ист однос со таа земја. Само да знаете, Италија добива многу нафта од Ормутски теснец – изјави Трамп во интервју за Fox News.
– Таа повеќе не е истата личност, а Италија никогаш нема да биде истата земја – додаде тој.
Во телефонско интервју за италијанскиот весник „Corriere della Sera“, Трамп изјави дека е „шокиран“ од Мелони и дека погрешно проценил дека таа ќе има храброст да им помогне на САД во нивната политика кон Иран.
– Мелони не сака да ни помогне, шокиран сум. Дали на луѓето им се допаѓа фактот што вашата премиерка не прави ништо за да обезбеди нафта? Не можам да замислам. Мислев дека има храброст, но грешев – рече Трамп.