СЕ ОБИДУВАЛ ДА ПРОДАДЕ 96.000 ФАЛСИФИКУВАНИ ДОЛАРИ Македонски државјанин е уапсен во Косово

Осомничениот македонски државјанин И. Д. бил фатен на дело при обид да пушти во оптек 96.000 американски долари за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

495

Косовската полиција соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што го уапсила државјанинот на Република Северна Македонија И. Д. (1970 година) кој се обидувал да ги продаде фалсификуваните пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. бил фатен на дело при обид да пушти во оптек 96.000 американски долари за кои постои сомнение дека се фалсификувани.






На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

„Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено од пријавениот и мобилен телефон“, соопшти косовската полиција.

Поврзани содржини