СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го одбележаа 8 Септември на врв на Колорадо
Дарко Најдов и Бојан Блажевски го прославија Денот на независноста на еден од најпредизвикувачките врвови во националниот парк „Роки Маунтин“. До Лонгс Пик стигнале по повеќе од девет часа искачување, по маршрута со стрмни карпи и тесни премини.
Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на необичен начин го одбележаа 8 Септември – со искачување на Лонгс Пик.
Заедно со нивниот колега Лаксман, тргнале во 2:15 часот по полноќ. По повеќе од девет часа искачување, на врвот пристигнале во 11:34 часот, а целата тура со спуштањето траела околу 15 часа.
Дел од патот го минале во темница, а потоа продолжиле по предизвикувачката маршрута „Кихол“, со изложени карпести делови и тесни премини. Според објавата на „Скопје1“, на Лонгс Пик досега се регистрирани повеќе од 70 смртни случаи.
На врвот Дарко и Бојан го развеале македонското знаме.
„Од Македонија до Колорадо, а на 8 Септември – на врвот на Лонгс Пик“, порачале тие.