СДСМ И ФИЛПЧЕ ДА СЕ ОГРАДАТ ОД ОРДАНОСКИ Од ВМРО-ДПМНЕ побараа јавна осуда за говорот на омраза на новинарот

Неговите јавни настапи секогаш се во линија со ставовите на социјалдемократите, а за тоа СДСМ му се оддолжувала, како што покажува примерот со 350.000 евра добиени од Фондот за иновации за проект што е плагијат“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

1,029

ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозициската партија СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче јавно да се оградат од изјавите на аналитичарот Сашо Орданоски, кои, според опозициската партија, содржат говор на омраза кон САД и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Сашо Орданоски е долгогодишен гласноговорник и поддржувач на СДСМ. Неговите јавни настапи секогаш се во линија со ставовите на социјалдемократите, а за тоа СДСМ му се оддолжувала, како што покажува примерот со 350.000 евра добиени од Фондот за иновации за проект што е плагијат“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата додаваат дека СДСМ и Филипче мора јасно да ги осудат ставовите на Орданоски, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе покажат дека стојат зад неговите изјави.

„Доколку не излезат со осуда, тоа ќе биде доказ дека ги поддржуваат неговите навреди кон САД и Трамп. Со тоа, СДСМ и Венко Филипче ќе се бетонираат на дното на македонската политика“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини