СДСМ ГО ЛАЖЕШЕ НАРОДОТ, А ЗНАЕШЕ ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕ СЕ ПОСЛЕДНОТО БАРАЊЕ НА БУГАРИЈА Заев, Ковачевски, Османи и Маричиќ лажеа за датумот за влез во ЕУ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Најлошата дипломатија, која ја имала нашата држава, беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, кои освен што се сликаа по авиони и на средби со разни функционери, не направија никаков напредок во меѓународната политика. Лажеа дека уставните измени се последно барање од Бугарите, лажеа дека само што не направиле двотретинско мнозинство во Собрание за уставните измени, лажеа дека датумот за влез во ЕУ го носат во авион, лажеа дека сме отпочнале преговори со ЕУ, буквално излажаа за сѐ, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ свесно ги лажеше граѓаните за суштината и последиците од уставните измени, тврди владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги актуелните изјави од бугарска страна дека уставните измени не се последното барање кон Македонија од Бугарија.
„Иако знаеше дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДСМ свесно го лажеше народот“, се вели во соопштението ВМРО-ДПМНЕ, во кое се обвинува поранешната власт за „манипулации и за политика од ден за ден“, мотивирани од, како што велат од партијата, страв од изборен пораз.
„Најлошата дипломатија, која ја имала нашата држава, беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, кои освен што се сликаа по авиони и на средби со разни функционери, не направија никаков напредок во меѓународната политика. Лажеа дека уставните измени се последно барање од Бугарите, лажеа дека само што не направиле двотретинско мнозинство во Собрание за уставните измени, лажеа дека датумот за влез во ЕУ го носат во авион, лажеа дека сме отпочнале преговори со ЕУ, буквално излажаа за сѐ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, многупати сугерираше и предупредуваше за овие работи, но СДСМ тврдоглаво одеше со главата во ѕид.
„Сега јасно гледаме дека Бугарија јавно кажува дека уставните измени не се последното барање од нејзина страна. Како и секогаш, ВМРО-ДПМНЕ повторно ја говореше вистината, но СДСМ не сакаше да слуша. Затоа, сега Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, води државничка политика, од која корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија. А за жал, и понатаму СДСМ се синоним за криминал, неспособност и за предавства“, се вели во соопштението на владејачката партија.