РУСКИОТ НАПАД ВРЗ ЗАПОРОЖЈЕ, ЈАСНА ПОРАКА ОД ПУТИН? Нуклеарната централа е од стратешко значење за Москва

Нападот во Запорожје и Одеса се случи денови откако американскиот претседател, по неговите разговори со рускиот колега, имаше телефонски разговор со украинскиот претседател. Во разговорот со украинскиот претседател шефот на САД му предложил САД да управуваат со украинските електроцентрали како безбедносна гаранција.

1,430

Најмалку едно дете беше повредено воздушен напад на руските сили врз градовите Запорожје и Одеса во јужна Украина во петокот наутро. Беспилотни летала погодија различни локации во градот, оштетувајќи станбени згради, трговски центри, продавници и автомобили, а избувнаа и три големи пожари.

– Според првичните извештаи, шест лица се ранети, меѓу кои и едно дете – изјави Иван Федоров, шеф на воената управа на регионот.






На социјалните мрежи беше објавено дека непосредно пред полноќ биле снимени четири експлозии. Спасувачките екипи сè уште трагаат по жртви.

 

Областа Запорожје е дом на најголемата нуклеарна централа во Европа, во градот Енерходар на левиот брег на реката Днепар, кој е под руска контрола. Ситуацијата во Запорожје е комплицирана. Додека нуклеарната централа и регионот се под руска контрола, самиот град Запорожје не е.

Нападот врз Запорожје и Одеса се случи денови откако Трамп, по неговите разговори со Путин, имаше телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Подоцна, американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц во заедничка изјава соопштија дека „САД би можеле да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со своето искуство во електроенергијата и комунални услуги“.

САД ДА УПРАВУВААТ СО УКРАИНСКИТЕ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ Тоа е безбедносната гаранција на Трамп за Зеленски

Во изјавата се вели дека ова може да биде безбедносна гаранција за Украина.

На онлајн брифинг со новинарите, Зеленски изјави дека разговарал со Трамп за можноста Америка да помогне во обновата на нуклеарната централа Запорожје.

– Водовод, технички персонал и уште многу чекори за да се осигураме дека за година ипол до две ипол години оваа централа ќе почне да носи пари и струја за луѓето. Тоа е мојата визија – рече Зеленски.

Путин и Трамп во претходен телефонски разговор зборуваа за можноста за 30-дневен прекин на огнот во Украина и формирање експертски тимови за преговори. Една од договорените работи во разговорот, размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина беше исполнета.

Русија и Украина разменија по 175 заробеници од двете страни.

Во меѓувреме, САД ги заоструваат санкциите кон Русија со ограничување на плаќањата за енергенси, дури и во момент кога има јасни дипломатски напори за крај на војната. Администрацијата на Трамп дозволи да истече лиценцата за плаќања за енергенски за неколку руски банки на кои им било и понатаму дозволено да примаат плаќања во американски долари.

Следната американско-руска средба е најавена во Ријад за во понеделник, 24 март.

 

Поврзани содржини
na