📽️ РУСИТЕ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД СИРИЈА Сателитските снимки покажуваат како се празни клучната база Тартус

Тартус е клучна база за руската војска, што и овозможува полнење гориво, како и поправка на бродови. Новите снимки покажуваат дека голем дел од опремата сега ја нема, по заминувањето на руските воени бродови додека официјални лица одржуваа „искрени разговори“ со новата влада во Дамаск.

601

Русија го забрза повлекувањето на своите војници од сириското пристаниште Тартус, покажуваат најновите сателитски снимки, јавува Би-Би-Си.

По падот на режимот на Асад во декември, колони руски возила беа снимени како се движат кон пристаништето Тартус.






Сателитските снимки покажаа и дека таму се чува воена опрема.

Тартус е клучна база за руската војска, што и овозможува полнење гориво, како и поправка на бродови. Новите снимки покажуваат дека голем дел од опремата сега ја нема, по заминувањето на руските воени бродови додека официјални лица одржуваа „искрени разговори“ со новата влада во Дамаск.

 

Поврзани содржини