„РОСАТОМ“ ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА УКРАИНА ИГРА ОПАСНИ ИГРИ Го нападнала складиштето за потрошено нуклеарно гориво во АЕЦ „Запорожје“
„Росатом“ соопшти дека при нападот нема повредени вработени ниту се регистрирани значителни материјални оштетувања, но предупреди дека продолжувањето на ваквите акции директно ги загрозува нуклеарната и радијациската безбедност на целиот регион.
Руската администрација на атомската електроцентрала „Запорожје“ соопшти дека Украина извршила напад со дрон врз објект за суво складирање на потрошено нуклеарно гориво.
Според соопштението на раководството на централата, која е под контрола на руски „Росатом“, нападот со беспилотно летало се случил на 26 август директно на просторот на складиштето.
Од администрацијата потврдија дека при нападот нема повредени вработени ниту се регистрирани значителни материјални оштетувања, но предупредија дека продолжувањето на ваквите акции директно ги загрозува нуклеарната и радијациската безбедност на целиот регион.