Реган наскоро ќе стане новиот секретар на ЕПА
Реган доаѓа од Северна Каролина, каде од 2017 година бил главниот регулатор на сојузната држава за заштита на природната средина.
Во Сенатот моментално се утврдува номинацијата на Мајкл Реган за секретар на Агенцијата за заштита на природната средина (ЕПА). Неговото назначување на функцијата е сѐ поизвесно откако денеска во полза на тоа гласаа 14 членови на сенатскиот Одбор за екологија и јавни работи, а шестмина републиканци беа против.
Реган е номиниран по предлог на претседателот Џо Бајден. Тој е првиот Афроамериканец кој ќе го предводи овој мошна важен орган во сојузната Администрација, а што загуби на важност за време на екс претседателот Доналд Трамп. Набљудувачите велат дека новиот секретар ќе наследи хаос оставен од претходната администрација.
Во соопштение пред сослушувањето при сенатскиот Одбор за екологија, Реган истакна дека тој ќе постави советник за еколошка правда и капитал за да го реформира одделот за граѓански права, а во регионалните канцеларии на ЕПА ќе вработи способен кадар кој ќе се справи со задачите за заштита на природната среднина.
Реган доаѓа од Северна Каролина, каде од 2017 година бил главниот регулатор на сојузната држава за заштита на природната средина.
Републиканците кои гласаа против него изјавија дека не се против личноста на Реган туку се загрижени од тоа дека новите закони за заштита на околината се неповолни за нивните држави.а