РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Ќе се избира најдобра поетска книга

52

Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска распиша конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2025 до 1 мај 2026 година.

На конкурсот, кој ќе трае до 1 мај годинава, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.






– Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик – се наведува во конкурсот на СВП.

Според конкурсот, можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN број.

Книги од членови на Управниот одбор на СВП, директорот на Фестивалот, вработените или на членови на жири-комисијата или нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

– Книгите објавени под псевдоним може да учествуваат за наградата доколку тој псевдоним е општопознат и авторот настапува во јавноста со него. Доколку се работи за нов и малку познат, тогаш поднесувачот треба да достави доказ за вистинскиот идентитет и за авторството на книгата – се наведува во конкурсот.

Книгите што нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата.

Автортите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111 „Браќа Миладиновци“ бр. 5 6330, Струга, со назнака дека се за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026.  Препорачливо е да бидат доставени и во електронска форма во pdf формат на [email protected].

Поврзани содржини