РАСКОШНА ВЕНЧАВКА НА ЏЕФ БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ, ИСПРАТИЈА ПОКАНИ Парот ќе се венча на јахта од 500 милиони долари во Венеција
Испратени се покани за венчавката на Лорен Санчез и Џеф Безос, која ќе се одржи оваа година во Венеција, Италија, речиси две години откако тие се свршија.
Испратени се покани за венчавката на Лорен Санчез и Џеф Безос, која ќе се одржи оваа година во Венеција, Италија, речиси две години откако тие се свршија.
Свадбата е закажана за летото оваа година, а според информациите ќе се одржи во Венеција. Првите информации за венчавката се појавија кога новинарот Дилан Бајерс ја објави веста на социјалната мрежа Икс.
Претходно оваа година, „Пејџ сикс“ ексклузивно објави дека се шпекулира дека венчавката ќе се одржи во јуни на нивната јахта „Кору“, вредна 500 милиони долари, во близина на брегот на Италија.
Џеф Безос (61) ја запроси Лорен Санчез (55) во мај 2023 година, по пет години врска. Тие тогаш престојувале на јахта за време на Филмскиот фестивал во Кан. Шпекулациите за свршувачката започнаа веднаш штом Лорен беше забележана со дијамантски прстен на прстот.
Нивната свршувачка беше и повод за голема забава на јахта во Позитано во август 2023 година, на која присуствуваа гости како Бил Гејтс, Леонардо Дикаприо, Тоби Мегваер, Ендру Гарфилд, кралицата Ранија Ал Абдула од Јордан, како и Крис Џенер.
Во ноември истата година, Лорен зборуваше за свршувачката во интервју за „Вог“, велејќи дека „за малку ќе се онесвестила“ кога Џеф ја отворил кутијата со прстенот. Таа потоа откри дека сè уште размислуваат како ќе изгледа венчавката, дали ќе биде голема или интимна, но дека не донеле конечна одлука.
Дијамантскиот прстен што и го подари Џеф се проценува дека вреди околу 2,5 милиони долари. Оваа година, парот можеби навести за венчавка кога се појавија на црвениот тепих на забавата за Оскар на „Венити фер“, каде Лорен носеше бел фустан со мониста, додека Безос беше во црн костум.
Џеф и Лорен почнаа да се забавуваат во 2019 година, но чекаа додека не се финализираат нивните разводи пред да излезат во јавноста со својата врска.