РАКОМЕТАРКИТЕ ЌЕ ИМААТ ТЕШКА ЗАДАЧА Еве со кои селекции се паднавме во иста група
Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија.
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство за жени кое ќе се одржи во 2026 година.
Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и на Белгија.
Пласман на ЕП по автоматизам имаат обезбедено земјите кодомаќини Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, како и Норвешка, Данска и Унгарија кои освоија медал на последното континентално првенство.
За другите 16 слободни места ќе се натпреваруваат 24 репрезентации поделени во шест групи.