📷 ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА ГРАДИНКА ВО ТРУБАРЕВО Инвестицијата е 47 милион денари обезбедени од Општина Гази Баба

Ова е трета градинка што ја градиме во Гази Баба, во септември ќе се отвори градинка во Инџиково, а веќе се гради и градинка помеѓу Керамидница и Маџари, рече градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

77

Во населбата Трубарево во општина Гази Баба денеска беше свечено пуштена во употреба нова градинка, во која од 1 јули ќе бидат згрижени 60 деца.

На свеченоста, покрај градоначалникот Бобан Стефковски, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.






Инвестицијата изнесува 47 милиони денари обезбедени од општината. Веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката.

– Ова е трета градинка што ја градиме во Гази Баба, во септември ќе се отвори градинка во Инџиково, а веќе се гради и градинка помеѓу Керамидница и Маџари, рече градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Премиерот Мицкоски истакна дека со изградбата на градинката ќе се подобри квалитетот на живот на дечињата и на родителите, кои, посочи, ќе знаат дека дечињата им се во сигурни раце и ќе можат да се посветат на професионалните обврски.

Поврзани содржини