СЕ ПРАВИ ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Премиерот тврди дека лично го води процесот

Премиерот рече дека  ќе се оди до таму што ќе се анализира секој производ поединечно со цел да се утврди каде постои простор за реакција.

1

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова методологија за следење на цените и  детална анализа на цените на прехранбените производи, во што, како што рече, е вклучен и самиот тој.

Цел е, како што рече, да се идентификуват производите што влијаат врз потрошувачката кошница.






-Детално навлегуваме во ова проблематика и работиме на нова методологија за следење на цените. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи што влегуваат во статистиката и тоа за мене е врвен приоритет – рече Мицкоски.

Според него, добро е тоа што Евростат објави дека основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа и изнесува околу 49,7% од европскиот просек со што ги демантира тврдењата на опозицијата.

-Дали е тоа доволно? Не е доволно. Треба да продолжиме да работиме и ќе работиме. Јас личн работам на методологија за идентификување на тие 600 до 700 производи што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме. Ако треба, фактура по фактура, еден по еден производ ќе ги анализираме – рече Мицкоски.

Тој рече дека  ќе се оди до таму што ќе се анализира секој производ поединечно со цел да се утврди каде постои простор за реакција.

-Ова е темелна операција што лично ја водам и очекувам многу скоро да даде резултати кои ќе бидат видливи на терен – рече Мицкоски.

Поврзани содржини