ПРВПАТ ДОШЛА ВО ГРЦИЈА КОГА БИЛА БРЕМЕНА СО РОКО Мадона со синот го истражуваа Патмос, уживаа на плажа и го почувствуваа Божјото присуство на островот

Мадона го посети Патмос со синот Роко и призна дека го почувствувала Божјото присуство. Пејачката запали свеќи и ја посети Пештерата на Апокалипсата.

0

Мадона продолжува со својот одмор во Грција, по Крф и Метеори, нејзиното патување продолжи со посета на островот Патмос со својот 26-годишен син Роко и сподели фотографии од престојот, откривајќи дека таму почувствувала нешто посебно.

– Молитви од Патмос! Каков магичен остров. Навистина го почувствував Божјото присуство таму – напиша Мадона покрај фотографиите објавени на социјалните мрежи. На една од нив таа е со затворени очи додека пали свеќа, со марама на главата, а во позадина се гледа икона на Богородица.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

За време на тридневниот престој на островот, Мадона ја посетила и Пештерата на Апокалипсата, едно од најзначајните христијански места во Грција, кадешто апостол Јован ги добил визиите што подоцна биле запишани во Книгата на Откровението. Пејачката била фотографирана и во црква како пали свеќи и држи црковна книга, опкружена со икони.

Посетата имала и многу лично значење за Мадона поради Роко. Таа открила дека првпат дошла во Грција пред 26 години, кога била седум месеци бремена со него. Сега, повторно се враќа во земјата со својот син, кој во меѓувреме пораснал во возрасен маж.

– Беше како да затворам еден круг, повторно да го донесам тука, сега како возрасен човек. Добро е за душата – напиша таа.

Патмос беше само една од станиците на нејзиното грчко патување. Мадона претходно престојуваше на Крф, кадешто го прослави својот 68. роденден, а потоа ги посети Метеори и манастирот Варлаам. Така, нејзиниот одмор се претвори во комбинација од семејно дружење, прослава и посети на некои од најпознатите духовни места во Грција.

На Крф Мадона беше со пет од своите шест деца и партнерот Аким Морис, додека на Патмос главно времето го поминувала со Роко. Фотографиите од островот ги покажуваат мајката и синот во повеќе заеднички сцени, како седат заедно покрај морето, како пијат пиво, го гледаат пејсажот пред нив, а Роко е снимен и како ужива во капењето.

Патмос, познат и како „островот на Апокалипсата“, со векови е едно од најзначајните места за христијанските поклоници. Пештерата на Апокалипсата, заедно со манастирот „Свети Јован Богослов“ и средновековниот дел на Хора, е дел од заштитено светско наследство на УНЕСКО.

За Мадона, која низ годините често зборувала за духовноста и религијата, посетата очигледно била повеќе од обично туристичко разгледување. По престојот на местото каде што, според традицијата, Јован ги добил своите визии, таа едноставно напиша:

– Добро е за душата.

Поврзани содржини