ПРВО ЌЕ СТОПЛИ, ПА ПАК ЌЕ ЗАЛАДИ Малку сонце, малку облаци, а најмногу – ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

0

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура од 5 степени, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 27 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Температурата ќе се движи од 9 до 25 степени Целзиусови.

Во текот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, наместа со брзина над 60 километри на час.

До вторник дневната температура ќе биде во пораст, а од среда во постепено опаѓање.

Фото: УХМР
Поврзани содржини