ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО ЈУНИ СЛЕДНАТА ГОДИНА За втората допрва ќе се распишува тендер

Завршени се 48 отсто од работите на оваа делница, што е со проектирана вредност од 14,2 милиони евра.

928

Експропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на средната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Завршени се, како што нагласи, 48 отсто од работите на оваа делница, што е со проектирана вредност од 14,2 милиони евра.






-Како Влада веќе покажавме на терен дека сме силно фокусирани на модернизација на европските коридори, на економскиот развој на нашата земја и на регионалното поврзување заради одржување на економските релации со соседите -рече Бочварски.

Тој најави дека за втората делница на потегот од село Блаце до клучка Стенковец, којашто е во должина од околу 10,5 километри, до крајот на овој месец ќе се изработи проектот и ќе се даде на ревидирање.

Втората фаза ќе се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ВБИФ.  ќе биде во вредност од 100 милиони до 120 милиони евра, а како што посочи минисерот потребно време за проектирање и за експропријацијата.

Очекувањата се првата фаза од изградбата да заврши кон средината на наредната година, а да биде распишан тендерот за изградба и на втората делница, со што ќе се продолжи овој континуитет до самиот влез на Скопје со што ќе бидеме задоволни со динамика да доколку во средината на наредна година го распишеме тендерот имаме избрано изведувач во текот на 2022 година и за втората делница за изградба на овој автопат – рече Бочварски 

Како што посочи, намера е да изградат модерно автопатско решение, по сите меѓународни стандарди, безбеден за сообраќај со посебен инпут на подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната економска соработка.

Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, пак, потенцираше дека  автопатот Скопје-Блаце е важен проект за поврзување на нашата држава со Косово, кој е нашиот трговски партнер, но и со останатите земји на регионот.Изведувачот на работите „Гранит“ и наздорот ГИМ информирале дека вкупниот прогрес на работите изнесува 48 отсто.

– Се додека временските услови дозволуваат ќе се работи интензивно. Покрај асфалтирањето се извршуваат и геодетски работи како што се обележување или снимање на трасата на деловите каде што се изведуваат работите односно каде што се врши ископ, а на главната траса се врши армирање и бетонирање на трапензи бетонски канали, заштита со бетонски слој  хидроизолација на горна плоча – информораше Рустеми.

 

 

Поврзани содржини