ПРОСТИ МИ СИНКО, КРИВ СИ САМО ЗАШТО СИ МИ СИН Мицкоски со коментар по одлуката на Антикорупциска за патувањето во САД

Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

1,275

Вистината победи, Антикорупциска ги потврди лагите на СДСМ за мојот син, но горчината останува, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук во врска со шпекулациите дека неговиот син на државен трошок патувал во САД.






„Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена.

И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“, напиша Мицкоски.

 

Поврзани содржини