📷 МУЦУНСКИ ГО ПОЧНА УТРОТО ТРЧАЈЌИ СО МАКСИМ ПРЕВО Шест километри дипломатија низ Скопје

Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град, вели шефот на македонската дипломатија.

809

Утрински 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево, напиша шефот на македонската дипломатија на Фејсбук за своето утринско трчање со колегата.

Министерот Тимчо Муцунски се пофали дека заедно со Прево имале поинаков почеток на денот.

„Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“.

Поврзани содржини