ПРОПАДНА БИЗНИСОТ НА РОНАЛДО И НАДАЛ Мадридскиот ресторан Тото ненадејно е затворен

Заедно со Надал и Роналдо, партнери во проектот беа Руди Фернандез и Пау Гасол, ѕвезди на шпанската кошарка.

204

Италијанскиот ресторан Тото во срцето на Мадрид, основан и во сопственост на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал, ненадејно се затвори по само 3 години работа.

Ресторанот Тото во Мадрид ненадејно се затвори и тоа е „трајна одлука“, пренесува Ел Национал.






Тото беше италијански ресторан во срцето на Мадрид познат по своите тестенини карбонара, наречени Вера Карбонара де Тото. Тоа е автентично гастрономско искуство, па на сите им е нејасно зошто е засекогаш затворен.

Можеби ќе ве интересира

Сестринските ресторани на компанијата во Дубаи и Абу Даби засега се отворени, но прашање е дали тие ќе останат така, вели истиот извор.

 

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал ресторанот го отворија во март 2022 година.

Станува збор за ресторан кој е дел од познатата групација Тател, а заедно со Надал и Роналдо, партнери во проектот беа Руди Фернандез и Пау Гасол, ѕвезди на шпанската кошарка.

 

Поврзани содржини