ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЌЕ ОТПАТУВА ЗА РИМ Сиљановска Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Претседателката Сиљановска-Давкова во вторникот се огласи по повод смртта на папата Франциск. Таа истакна дека тој, како народен папа, на христијанскиот свет му го честитал Христовото воскресение, а следното утро тивко заминал во вечноста. Таа посочи дека ќе го памети по неговата исклучителна интелигенција, мудрост, топлина и едноставност

157

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск кој ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата.






135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и на општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рим, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И претседателот на Франција, Емануел Макрон, потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера се огласи по смртта на папата.

„Како народен папа, му го честиташе Христовото воскресение на христијанското семејство и утринава мирно си замина во вечноста. Јас, пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Франциск.

ТРАМП, ЗЕЛЕНСКИ, МАКРОН, ГУТЕРЕШ… На погребот на папата Франциск се очекуваат голем број светски лидери

Поврзани содржини