ПРЕМИНОТ КАЈ БИТ ПАЗАР ЌЕ БИДЕ УРЕДЕН И ЌЕ ДОБИЕ СЕМАФОРИ Градот подготвува решение по барање на граѓаните

Градот подготвува проект за уредување на постојниот нелегален премин кај Бит Пазар. Ѓорѓиевски вели дека решението доаѓа по барања на граѓаните, особено на повозрасните кои тешко го користат надвозникот.

24

Нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар ќе биде уреден и обезбеден со семафори. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави проект со кој преминувањето на улицата треба да стане побезбедно.

Одлуката следувала по барањата на граѓаните. Посебен проблем имаат повозрасните лица, кои тешко го користат надвозникот за пешаци.






Градските власти затоа почнале подготовки за уредување на постојниот премин. Во проектот се вклучени ЈП „Улици и патишта“ и „Сава“ Скопје.

Според Ѓорѓиевски, решението се подготвува врз основа на направените анализи и во согласност со законските правила.

Преминот ќе биде соодветно обележан, а ќе бидат поставени и семафори за пешаци. Градоначалникот вели дека нивната работа ќе биде приспособена за да не предизвикува дополнителен сообраќаен метеж.

– Таму ќе се постават семафори и ќе има уреден пешачки премин – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини