ПОЖАРОТ НА ПЕЛИСТЕР ЛОКАЛИЗИРАН, НО ОПАСНОСТА НЕ Е ПОМИНАТА Двајца пожарникари повредени во тешката битка со огнот

И покрај локализирањето на пожарот, екипите остануваат на терен поради ризикот огнот повторно да се активира. Во гаснењето денеска е вклучен и армиски хеликоптер, кој обезбедува воздушна поддршка на единиците распоредени на критичните точки.

0

По тешката ноќ и повеќечасовната борба со огнената стихија, пожарот на Пелистер е целосно локализиран. Сепак, опасноста од негово повторно активирање и ширење останува голема и во значителна мера ќе зависи од временските услови.

За време на интервенцијата биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.






Во неговото гаснење учествуваа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“

И покрај локализирањето на пожарот, екипите остануваат на терен поради ризикот огнот повторно да се активира. Во гаснењето денеска е вклучен и армиски хеликоптер, кој обезбедува воздушна поддршка на единиците распоредени на критичните точки.

Во текот на денот се очекува на терен да пристигнат и припадници на Доброволното противпожарно друштво Кочани, како и двата „Ер трактор“ авиони, со што дополнително ќе бидат засилени капацитетите за справување со пожарот.

Надлежните остануваат во состојба на зголемена готовност, бидејќи временските услови ќе бидат клучни за тоа дали локализираниот пожар ќе остане под контрола

– Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори – изјави директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се прошири во пониските делови на Националниот парт „Пелистер“ од страната на Преспа. Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Фото: Општина Битола

Поврзани содржини