ПОЗАЈМЕНИТЕ ПАРИ ОД ДРЖАВНИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЗА ОТПЛАТА НА КРЕДИТ ЗА АВТОПАТИТЕ Во август ќе им бидат вратени средствата на М-НАВ, МЕПСО, Лотарија и на претпријатието за патишта

Санува збор за постапка која и претходно била применувана, вели премиерот Христијан Мицкоски.

45

Средствата обезбедени преку краткорочни позајмици од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за намената на позајмените пари.

Тој нагласи дека станува збор за постапка која и претходно била применувана.






– Се прави вообичаена процедура што многу пати во минатото се правела. Во август тие средства ќе бидат вратени и кај МНАВ, и кај Лотарија и кај МЕПСО – изјави премиерот.

Поврзани содржини