ПОРЕДОКОТ СЕ УРИВА, СЛЕДУВА МУЛТИПОЛАРЕН СВЕТ Путин објави крај на доминацијата на Западот

Шефот на Русија вели дека Западот ги губи лидерските позиции, додека нови центри на моќ се појавуваат во земјите од Глобалниот Југ.

180

Западните земји ги губат своите лидерски позиции и отстапуваат место на нови центри на раст. Вака изјавил рускиот претседател Владимир Путин во видеообраќање до форумот „Отворен дијалог“.

Според рускот лидер глобалниот поредок се менува.

Се рушат старите правила?

– Претходните пристапи и воспоставените норми постепено ја губат силата, вклучително и поради постапките на западните земји – изјави Путин.

Тој додаде дека промените се видливи во сите области.

– Сите елементи на глобалниот раст, од економијата до технологијата, се менуваат неповратно – рече Путин.

Мултиполарен свет, нова рамнотежа

Путин истакнал дека се формира нова, мултиполарна архитектура на глобалниот развој.

– Ниедна земја не може да се развива сама, на сметка на другите. Моделот ќе биде одржлив само ако се базира на еднаквост и меѓусебно почитување.

Форумот „Иднината на светот: Нова платформа за глобален раст“ се одржува од 27 до 29 април.

На него учествуваат претставници од повеќе од 120 земји.

Поврзани содржини