ДАЛИ ДОГОВОРОТ САД-ИРАН ЌЕ МУ ПРЕСУДИ НА НЕТАНЈАХУ? Си-Ен-Ен пишува за стравови во израелскиот врв

Три месеци по заедничките американско-израелски напади врз Иран, односите меѓу Вашингтон и Тел Авив влегуваат во чувствителна фаза. Според анализа на Си-Ен-Ен, она што почнало како заедничка воена кампања сè повеќе се претвора во дипломатски процес во кој Израел има ограничено влијание.

0

Три месеци по заедничките американско-израелски напади врз Иран, односите меѓу Вашингтон и Тел Авив влегуваат во чувствителна фаза. Според анализа на Си-Ен-Ен, она што почнало како заедничка воена кампања сè повеќе се претвора во дипломатски процес во кој Израел има ограничено влијание.

Телевизијата наведува дека Нетанјаху зад затворени врати признал оти Израел нема голема моќ да влијае врз американско-иранските разговори за завршување на конфликтот.






Страв од „лош договор“

Според израелски функционер цитиран од Си-Ен-Ен, во Тел Авив постои загриженост дека Доналд Трамп би можел да прифати привремен договор кој нема да ги реши клучните прашања околу иранскиот збогатен ураниум, балистичките ракети и регионалните сојузници на Техеран.

– Постои вистински страв дека Трамп ќе се задоволи со лош привремен договор – изјавил функционерот.

Во анализата се наведува дека Израел посебно е загрижен поради можноста да се намали економскиот притисок врз Иран и да се отвори пат за закрепнување на режимот во Техеран.

„Така изгледа кога Трамп ве фрла под автобус“

Еден израелски извор уште подиректно ја опишал ситуацијата.

– Значи, така се чувствувате кога Трамп ве фрла под автобус – изјавил изворот за Си-Ен-Ен.

Според телевизијата, незадоволството во Израел е големо, но Нетанјаху избегнува отворен судир со Трамп бидејќи голем дел од својот политички капитал го вложил токму во односите со американскиот претседател.

Нема подобрување од војната во Газа?

Си-Ен-Ен потсетува дека Нетанјаху со децении се претставува како лидер кој најодлучно се спротивставува на нуклеарните амбиции на Иран. Затоа евентуален договор меѓу САД и Иран би можел да биде доживеан како тежок политички удар за него.

Анализата наведува и анкета според која 45 проценти од Израелците сметаат дека ситуацијата со Иран денес е полоша отколку пред нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, додека само 31 процент гледаат подобрување.

Поврзани содржини