ПОРАДИ ТОА ШТО ГИ СМЕТААТ ЗА НЕОДГОВОРНИ Нов Јужен Велс предлага невакцинираните сами да си го плаќаат лекувањето
Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го платат своето лекување.
Властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предложија лицата кои не примиле вакцина против ковид-19 да ги плаќаат трошоците за болничко лекување.
Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го платат своето лекување.
Голем број политичари и лекари се изјаснија против предлогот и тврдат дека здравствената нега во Австралија мора да е достапна за секого.
Членовите на австралиската федерална Влада се скептични кон предлогот, додека Австралиската медицинска асоцијација соопшти дека истиот е неетичен, а можеби не е во согласност со законот.
Претседателката на австралискиот Кралски медицински колеџ Карен Прајс истакна дека предлогот ќе ги погоди сиромашните или помалку образованите заедници.
– Меѓу невакцинираните лица има голем број на недоволно информирани или немаат пристап до вакцини и од таа гледна точка не би било етички да се применува овој принцип – наведе Прајс.
Во Австралија, 90 проценти од тие кои имаат пристап до вакцини се целосно вакцинирани.
Во Нов Јужен Велс во еден ден се регистрирани 5.715 новозаразени лица, што е рекорд во Австралија од почетокот на пандемијата.
Западна Австралија беше првата што воведе задолжителна вакцинација за одредени групи на население. Негативен тест е потребен за патување меѓу австралиските сојузни држави.