ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 13 БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Дури 11 биле зад волан без возачка дозвола

Во Скопје, Прилеп, Гостивар, Кочани, Неготино, Кавадарци, Кичево и Гевгелија биле приведени возачи кои управувале без дозвола, под дејство на алкохол или со брзина поголема од дозволената.

27

Тринаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на полицијата, од вкупно 13-те приведени возачи, дури 11 управувале возило без возачка дозвола, еден бил затекнат како вози под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената.






Во Скопје биле приведени две лица – едно поради управување возило без возачка дозвола и едно поради возење под дејство на алкохол.

Најмногу прекршоци биле регистрирани во Прилеп и прилепско, каде што биле лишени од слобода пет лица кои управувале возила без положен возачки испит.

По едно лице без возачка дозвола било затекнато и приведено во Гостивар, Кочани, Неготино, Кавадарци и Кичево.

Во Гевгелија, пак, полицијата лишила од слобода возач кој управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, полицијата повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без возачка дозвола, за време на изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини