ПО НЕСРЕЌАТА ВО МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ПРОВЕРИ СИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ЗАБАВА Ќе се контролираат условите и противпожарната заштита

Националната агенција за сигурност на Бугарија соопшти дека во минатата година не биле извршени такви проверки, а немало ниту пријави за неправилности.

4,463

Националната агенција за сигурност на Бугарија и локалните служби за заштита од пожари и цивилна заштита почнуваат со непосредни заеднички инспекции на сите угостителски објекти и објекти за забава во Бугарија.

Целта на контролата е да се провери градежната документација, дали локалите ги исполнуваат пропишаните услови за работа и стандардите за заштита од пожари.






Агенцијата соопшти дека во минатата година не биле извршени такви проверки, а немало ниту пријави за неправилности.

Во Бугарија денеска е Ден на жалост во спомен на 59 младилица кои загинаа викендов во катасфтрофален пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за време на концерт на популарниот бенд ДНК.

Поврзани содржини