ПО ЧАС СЕ ЧЕКА НА ТАБАНОВЦЕ И НА БОГОРОДИЦА Зголемена фрекфенција на патиштата низ Македонија
Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини, а на дел од патиштата постои и опасност од одрони.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, но зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини поради поголемата фреквенција на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На граничниот премин Табановце, за излез од земјава, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на граничниот премин Богородица, исто така за излез од Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Препораката особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.