ПЛЕНКОВИЌ ЈА КАЖА ВИСТИНАТА ЗА ОДНОСОТ НА ЕУ КОН МАКЕДОНИЈА Ова не е фер!

Пленковиќ ја посочи Македонија како пример за тоа како трпи последици во интегративниот процес поради билатерални прашања кои не се поврзани со легислативата на ЕУ.

4,590

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Стратешкиот форум во Блед, побара ЕУ да најде механизам и да ги исфрли билатералните прашања од процесот на проширување.

Пленковиќ ја посочи Македонија како пример за тоа како трпи последици во интегративниот процес поради билатерални прашања кои не се поврзани со легислативата на ЕУ.






– Сите билатерални прашања што не се формално, стриктно правно поврзани со легислативата на ЕУ треба да бидат елиминирани од пристапниот процес. Тоа е единствениот пат напред и јас зборувам од искуство. Тоа не е навистина квантна физика да се воспостави и треба да бидеме коректни во тој аспект. Примерот со Северна Македонија е индикативен. Чекаа 15 години да се реши грчкото прашање, штом беше решено, сега имаме ново прашање. Тоа не е фер, тоа е штетно за имиџот на ЕУ и јас го велам тоа јавно со години и ќе продолжам да го кажувам тоа – истакна Пленковиќ.

Поврзани содржини